Skip links

Батерија инструменти за професионална ориентација

БИПО претставува тест за кариерна ориентација на средношколци. Резултатите од спроведеното тестирање упатуваат на професии/занимања кои би биле најсоодветни за кандидатот од аспект на неговата/нејзината заинтересираност и истите не го гарантираат успехот во професионалното работење, односно студирање.

Сепак, успешното ориентирање со користењето на овие инструменти зависи пред сè од тоа колку кандидатот одговарал искрено, не трудејќи се да остави некој конкретен впечаток.

Процесот на решавање на Батерија инструменти за кариерна ориентација (БИПО) е многу лесен и едноставен. Најпрво треба да:

01

побарате код/лозинка за најавување од вашиот најблизок кариерен советник (Кариерниот центар во вашето училиште).

02

ја отварате дигиталната алатка која се наоѓа на линкот: http://www.bipo.mon.gov.mk/

03

внимателно и искрено одговарате на прашањата, а потоа го испраќате тестот до вашиот кариерен советник.

04

заедно со него/неа дефинирате термин за средба на која ги дискутирате резултатите од тестирањето.

Програмите за кариерно советување на средношколците во кариерните центри ја реализираат обучени кариерни советници, од редовите на наставниците и стручните соработници (психолози/педагози) во училиштата. За таа цел обучени се над 180 наставници и стручни соработници (психолози/педагози). Па така, резултатите од БИПО тестирањето има право да ги толкува и пренесе само обучен кариерен советник.

НадицаИлиевскаСкопјеСУГС Лазар Танев
МаријаЈанакиевскаСкопјеСУГС Лазар Танев
ЗорицаЈанкуловскаСкопјеСУГС Лазар Танев
АницаБеќарска-ЃорѓиоскаСкопјеСУГС Лазар Танев
ВалентинаВелковскаСкопјеСУГС Лазар Танев
ЈасминкаГудомановаСкопјеСУГС Димитар Влахов
ВалентинаДимитриевскаСкопјеСУГС Димитар Влахов
RamizNuhishiСкопјеСУГС Димитар Влахов
ЦветанкаРистиќСкопјеСУГС Владо Тасевски
СлавицаНешевскаСкопјеСУГС Владо Тасевски
НиколаНиколоскиСкопјеСУГС Браќа Миладиновци
KimeteAhmetiСкопјеСМУГС Др. Панче Караѓозов
БлагојчеЃорчевскиСкопјеСМУГС Др. Панче Караѓозов
ВалентинаДамчевскаСкопјеСМУГС Др. Панче Караѓозов
ЛенчеКузмановаСкопјеСЕПУГС Васил Антевски Дрен
ИваСтојановскаСкопјеСЕПУГС Васил Антевски Дрен
ЛенчеТомоваСкопјеАСУЦ Боро Петрушевски
АнаПопризоваСкопјеСУГС Орце Николов
Прегледај од сите градови

Прашалникот е составен од три различни прашалници, односно три скали на проценка. Првиот тест, прашалник за професионални интересирања (ППИ) ги мери интересите на учениците. Со прашалникот за работни вредности (ПРВ) се мерат вредностите на ученикот/кандидатот, а последниот дел од БИПО алатката е тест на тип на индикатор на личност, наречен Тип-индикатор тест (ТИТ). Овие инструменти, исто така, не се тестови на способности и не може да предвидат колку успешно ќе се врши препорачаната професија (или професии).

Тестот е изработен од страна на стручни лица во областа на кариерното советување, од Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за развој на образованието ЕДЦ од САД, во рамки на Проектот Мрежа ЈЕС.

Зошто да побарате совет за вашата кариера?

Како функционира БИПО алатката?