Skip links

Мојата насока

„Мојата насока“ зборува за тоа дека можеш да видиш и слушнеш совети, мислења и искуства кои ќе ти помогнат да донесеш информирана одлука. Слушни ги овие примери и самостојно одлучи дали некоја од кариерните патеки за кои зборуваме со овие успешни луѓе, е всушност, твојата насока.

Со оваа содржина, сакаме да ти помогнеме полесно да си одговориш на прашањето: „Која е мојата насока?“

Видеата во продолжение даваат краток осврт на повеќето различни професии во земјава. Се обидевме да ги презентираме оние поспецифичните, за кои не слушаме и гледаме секојдневно, но сепак, да дадеме јасна слика за тоа што значат повеќето професии. Овие луѓе доброволно посветија дел од своето време, со цел да ви ја раскажат убавината на нивната професија, отворено и искрено да зборуваат и да ве охрабрат да го следите нивниот пат.

Заедно, сакаме да ви доловиме со какви секојдневни обврски и предизвици се соочуваат на работното место, која е убавината во работењето во одредена област или пак, кои се лошите аспекти од работењето на одредена професија.

Како можат младите да се информираат за својата идна кариера?

Какви услуги нудат средните училишта за кариерно советување?

Каков е денот на еден успешен менаџер?

Моќта на социјалното претприемништво

Какво образование е потребно за да се стане DJ?

Чувари на човековите права

Костими, шминка, студио… Акција!

Уметноста на тишината

Зошто е важно да се одбере вистинската кариерна патека?

Уметноста и технологијата во животот на Гораст