Skip links

Behind the scene: Како течеше подготовката на видеата?

Во рамки на содржините кои им ги понудивме на средношколците на веб-платформата за кариерно насочување – Насочи.ме се видеата со личности од различни професии. По повеќекратно истражување, се покажа дека најдобриот начин на претставување на повеќето професии е преку интервју со личност од дадената професија, па така произлезе концептот за видео-интервјуа, кои во целост ја доловуваат професијата, објаснуваат за најчестите работни обврски на човекот кој работи во професијата, за потребното образование и сите релевантни информации за кои еден средношколец би сакал да се информира.

При реализација на оваа активност, се укажа голема заинтересираност од страна на лицата кои ги интервјуиравме, па затоа решивме да го зголемиме квантитетот на видеа во овој сегмент. Па така, изработени се вкупно 14 видеа, од кои 3 со ментор за кариерно советување, на тема кариерната ориентација и придобивките од истата, а останатите 10 видеа на тема различните професии во земјава, преку претставување на личните видувања и совети од личности на повеќе различни работни позиции, во повеќе различни индустрии, давајќи им предност на оние поспецифичните професии со кои учениците не се среќаваат секојдневно или имаат помали шанси да добијат релевантни информации за нив. Видеата ги снимаше професионален снимател, кој што беше задолжен за снимање на секое од видео-интервјуата, но и понатамошната обработка на видеото – монтажа. Времетрањето на секое од видео-интервјуата е различно, но средната вредност на должина на видео е 3,5 минути. Со анализа на резултати од повеќе истражувања утврдивме дека тоа е времетрањето кое го задржува вниманието на средношколецот, а воедно е оптимално за да се прикажат доволен број на информации кои се релевантни на темата.